25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГодишна Анализа на небанкарскиот финансиски сектор во Северна Македонија

Годишна Анализа на небанкарскиот финансиски сектор во Северна Македонија

Според статистиката на Народната банка на Северна Македонија, во рамки на финансискиот систем на Северна Македонија, вкупните средства на останатите (небанкарски) финансиски институции во 2020 година бележат годишен раст од 12,8%.

Средствата на небанкарските финансиски друштва имаат годишен раст од 14,1%. На крајот на 2020 година, вкупните средства на финансиски друштва изнесуваат околу 5 милијарди денари, а најголем дел од нив или 89% се однесуваат на побарувањата од приватниот сектор. Кредитите одобрени на населението на крајот на 2020 година се околу 3,5 милијарди денари, додека кредитите одобрени на фирмите се околу 980 милиони денари.

За илустрација, согласно податоците од последниот Извештај за финансиска стабилност од 2019 година на Народната банка на Северна Македонија, банките учествуваат со 81,4% во вкупните средства на финансискиот систем, а евидентно во последните неколку години, расте учеството на небанкарските финансиски друштва, и тоа до 0,6% од вкупните средства на финансискиот систем.

Бројот на финансиски друштва гледано историски од 2015 година се зголеми за 3 пати, од 10 регистрирани финансиски друштва во 2015 година до 32 финансиски друштва во 2021 година.

Отука, растечката кредитна поддршка на населението и на фирмите од страна на финансиските друштва, кои се комплементарни на традиционалните кредитори – банките и штедилниците, укажува дека постои потреба за зголемување на степенот на финансиска интермедијација и финасиската вклученост во домашната економија. Нивната улога е особено изразена на сегментот на потрошувачки кредити, но не изостанува ни поддршката на микро и малите фирми.

Суштината на небанкарските финансиски друштва, е да ги пресретне краткорочните финансиски потреби на граѓаните за финансиски услуги на брз, ефикасен и едноставен начин, со примена на напредна и иновативна технологија на сите канали кои потрошувачите ги преферираат, со акцент на дигиталните канали. Финансиските друштва во своите услуги ги користат современите технолошки решенија со кои едноставно, од компјутер или мобилен телефон, можат да се завршат сите процедури за аплицирање, брзо да се изврши проверка на кредитоспособноста на барателот и во куси рокови да се добие одговор и бараните средства на сметка, доколку апликацијата е одобрена. Небанкарските финансиски друштва обезбедувале и што е најважно, ќе продолжат да обезбедуваат пристап до финансии за граѓаните и малите бизниси кои имаат потешкотии за пристап до финансиски средства на друг начин, и тоа многу брзо и едноставно, онлајн или филијала, токму во моментите кога е тоа најпотребно, што директно влијание на квалитетот на животот на корисниците на услугите.

Анализите кои се прават во рамките на Асоцијацијата на финансиски друштва покажуваат дека небанкарските финансиски друштва на годишна основа, сметано за 2020 година, имаат економско влијание од околу 853 милиони денари, а тука влегуваат сите матерјални трошоци, трошоци за услуги, вработени и јавни давачки. Споредбено со 2019 година кога финансиските друштва потрошија околу 804 милиони денари, растот е евидентен.


Дополнително, придонесот на НБФИ во државната каса расте и изнесува околу 167 милиони денари на годишна основа сметано за 2020 година, додека во 2019 година изнесуваше 138 милиони денари.

Индустријата на небанкарските финансиски друштва вработува претежно млад кадар, а годишните трошоци за вработени во оваа индустрија, согласно податоците за 2019 г. изнесуваа околу 245 милиони денари, а во 2020 година се зголемија на близу 300 милиони денари.

Улогата на финансиските друштва е значајна во поглед на зголемување на степенот на финансиска интермедијација. И покрај сѐ уште ниското учество во вкупната кредитна активност, брзиот раст на кредитите на финансиските друштва во последните години  укажува на висока кредитна побарувачка, односно на потреба за повисока финансиска вклученост на одредени слоеви на населението и малите фирми.

Од друга страна, глобалната пандемија и економска состојба влијае на финансиските капацитети на македонското општество, па токму затоа, клучно е сите засегнати страни да ги препознаат можностите, но и ризиците  во овие околности. Надлежните институции треба да ја промовираат финансиската инклузија на сите членови на општеството, како и да овозможуваат пристап до финансии преку развој и поддршка на каналите за алтернативно финансирање како што се истакнува и во извештаите на меѓународните финансиски институции, како што е ОЕЦД. Од друга страна пак, граѓаните треба да бидат свесни за своите краткорочни и долгорочни финансиски капацитети преку одбирање на соодветен извор на финансирање како што се традиционалните финансиски институции или небанкарските финансиски друштва. Финансиските институции мора да делуваат со највисоко ниво на етика и одговорност, применувајќи пофокусирана евалуација на кредитните способности на своите клиенти со цел тие да ги пресретнат краткорочните  потреби за финансиски средства на клиентите, и соодветно пресретнување на нивните обврски.

*Извор: Истражување на Асоцијацијата на финансиски друштва на Република Северна Македонија и НБРМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП