20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПрво па машко – Рома на Мурињо победи во Турција

Прво па машко – Рома на Мурињо победи во Турција

Жозе Мурињо во првиот официјален меч како тренер на Рома славеше, откако „волчицата“ победи со 2:1 на гости кај Трабзонспор во првиот меч од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

Лоренцо Пелегрини стрелаше во 55. минута за водство на фаворитот, пред Корнелиус да израмни за турскиот клуб. Новиот напаѓач на Рома, Елдор Шомуродов, кого Рома го донесоа од Џенова во преодниот рок, ја обезбеди победата во 81. минута.

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА НА УЕФА, БАРАЖ, 1.МЕЧ

Шахтјор Караганди (Каз) – Макаби Тел Авив (Изр) 1:2

Флора (Ест) – Шамрок Роверс (Ирс) 4:2

КуПС Куопио (Фин) – Унион Берлин (Гер) 0:4

Карабаг (Азе) – Абердин (Шко) 1:0

Раков (Пол) – Гент (Бел) 1:0

Хапоел Бер Шева (Изр) – Анортозис (Кип) 0:0

ЛАСК Линц (Авт) – Сент Џонстон (Шко) 1:1

Нефчи Баку (Азе) – Макаби Хаифа (Изр) 3:3

Плзењ (Чеш) – ЦСКА Софија (Буг) 2:0

Рига ФЦ (Лет) – Линколн (Гиб) 1:1

Жалгирис (Лит) – Бодо/Глимт (Нор) 2:2

Базел (Шва) – Хамарби (Шве) 3:1

Фола (Лук) – Алмати (Каз) 1:4

Трабзонспор (Тур) – Рома (Ита) 1:2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП