29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКому му е потребен Кејн? Сон и Тотенхем ги „решија“ Сити!

Кому му е потребен Кејн? Сон и Тотенхем ги „решија“ Сити!

Сон Хеунг-Мин го постигна својот 7. гол во 14 меча против Манчестер сити, за да ги предводи Тотенхем до охрабрувачка 1:0 победа над англискиот шампион, во меч во кој за „граѓаните“ дебитираше засилувањето од 100 милиони фунти, Џек Грилиш, додека Хери Кејн, капитенот на Спарси кој сака да замине токму во Сити, беше целосно исклучен од тимот.

Менаџерот на Тотенхем, Нуно Еспирито Санто, реши да го остави Кејн надвор од составот по сите шпекулации за наводен штрајк и понудата од 120 милиони фунти од Сити, но и без него Тотенхем се покажа доволно од способен да се носи со моќниот тим на Пеп Гвардиола.

И покрај тоа што Сити „притисна“ веднаш и имаше три шанси во првите 5 минути од игра, Тотенхем воспостави рамнотежа и беше опасен на контранапади. Во првото полувреме имаше необична статистика – двата тима не успеаја да шутнат во рамките на голот, а ниту голманите немаа одбрани. Во 55. минута, Сон покажа дека му „лежи“ Сити, кога со фантастичен удар од далечина успеа да ја измами одбраната на „граѓаните“, како и голманот Едерсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП