24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси: Дојдов да ја освојам ЛШ, Нејмар влијаеше врз мојата одлука да...

Меси: Дојдов да ја освојам ЛШ, Нејмар влијаеше врз мојата одлука да ја прифатм понудата на ПСЖ

Лионел Меси прв пат и се обрати на јавноста како играч на ПСЖ. Аргентинецот, синоќа, потпиша двегодишен договор со „светците“. Во ПСЖ дојде како слободен играч од Барселона. Меси, во новиот клуб, на грбот, ќе го носи бројот 30.

Меси, во ПСЖ, ќе го формира најсилниот трилинг во светот на фудбалот. Тој заедно со Нејмар и Килијан Мбапе, ќе го предводи нападот на „светците“.

„Тоа е лудо, среќен сум поради тоа. Драго ми е што ќе бидам секој ден со оваа екипа. Клубот реализираше некои неверојатни трансфери, тимот е неверојатен. Ќе играм со најдобрите играчи во светот“.

Меѓу новите соиграчи се и неговите сонародници Анхел Ди Марија и Леандро Паредес. Овие двајца заедно со Нејмар имале големо влијание врз одлуката на Меси, да ја прифати понудата на ПСЖ.

„Имам пријатели и сонародници во ПСЖ. Тоа е една од причините зошто ја прифатив понудата. Атмосферата е добра, во соблекувалната имам пријатели и луѓе со кои се познавам од порано. Нејмар? Секако дека влијаеше на моето доаѓање. Бев во контакт со него, со Ди Марија и Паредес. Имаме страшно добар тим“.

Меси проговорил за тренерот Маурицио Покетино и го пофалил Марко Верати.

„Прво разговарав со него, јасно е дека разговаравме. Се познаваме од порано, имаме добро односи. Верати е еден од најдобрите во светот на својата позиција. Тој сакаше да дојде во Барселона, но работите се сменија, јас дојдов кај него. Тој е феномен. Лично го познавам“, рекол Меси.

Дали смета дека на ПСЖ може да му ја донесе титулата во Лигата на шампиони.

„Некогаш можете да го имате најдобриот тим во светот и да не ја освоите ЛШ. Тоа е натпреварување каде што играат најдобрите. Потребна е и среќа за да се освои. Ова е посебно натпреварување, не победуваа секогаш најдобрите. Моја цел е повторно да ја освојам ЛШ, ова е најдобриот тим за мене.“

Што ќе се случи доколку во ЛШ се сретне со Барселона.

„Тоа е мојата куќа. Би било убаво доколку би играле против Барселона. Исто така ќе биде чудно да играм против Барса, како играч на друг клуб, во друг дрес“.

Дали Меси ќе дебитира против Стразбур за четири дена?

„Не знам, штотуку се вратив од одмор. Еден месец бев на одмор. Ќе морам добро да се подготвам пред да се вратам на теренот. Се надевам дека тоа ќе биде во најкус можен рок“, рекол Меси.

„Прес конференцијата заврши со извиците: „Меси, Меси, Меси“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП