28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголема кражба во историјата на криптовалутите

Најголема кражба во историјата на криптовалутите

Украдени се повеќе од 600 милиони долари, што слободно може да се нарече најголемата кражба во историјата на криптовалутите.

Хакерите ја искористиле ранливоста во Poly Network, платформа која се обидува да поврзе различни сегменти на блокчејн технологија за да можат да работат заедно, пишува CNBC.

Poly Network го откри нападот на Твитер и побара комуникација со хакерите и ги повика да го „вратат хакираниот имот“, пишува tportal.

Блокчејн е „книга“ на активности на кои се темелат разни криптовалути. Секоја дигитална монета има свој блокчејн и тие се разликуваат едни од други. Poly Network тврди дека може да ги организира сите овие блокчејн да работат едни со други.

Poly Network е децентрализирана финансиска платформа. DeFi е широк поим кој опфаќа финансиски апликации засновани на блокчејн технологија кои настојуваат да ги истераат посредниците – како што се брокерите на акции. Затоа се нарекува децентрализирана.

Заговорниците велат дека тоа може да ги направи финансиските апликации, како оние за кредити или позајмување, поефикасни и поевтини.

-Износот на пари кој го хакиравте е најголем во историјата на DeFi, напишаа Poly Network во друг твит, пренесува Seebiz.

Откако хакерите ги украле парите, тие почнале да ги испраќаат на разни други адреси. Истражувачите од компанијата за безбедност „SlowMist“ рекоа дека криптовалутата, проценета на повеќе од 610 милиони долари е префрлена на три различни адреси.

Poly Network ги повика берзите на криптовалути споменатите токени што доаѓаат од адреси поврзани со хакерите да ги стават на „црната листа“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП