28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРибери се враќа во Баерн Минхен

Рибери се враќа во Баерн Минхен

Франк Рибери се враќа во Баерн Минхен. Информацијата ја објави еден од најпознатите германски новинари, Кристијан Фалк.

Рибери, на 38-годишна возраст, се враќа на местото на успехот. Францускиот ас со Баерн ги освои сите важни трофеи во клупскиот фудбал.

Изминатите две години тој ги мина во Фиорентина. Во Минхен, каде настапуваше од 2007 до 2019 година, ќе се врати како слободен играч. За Баерн, во кариерата одиграл 425 натпревари, постигнал 124 голови.

Рибери е поранешен играч на Булоњ, Арес, Брест, Мец, Галатасарај и Марсеј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП