20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБразил ќе ги казни златните фудбалери

Бразил ќе ги казни златните фудбалери

Олимписката репрезентација на Бразил, го одбрани златниот медал во Токио. Во финалето, Бразилците, со голот на Малком во 109.минута, ја победија Шпанија со 2:1. Наместо награда за освоеното злато, бразилските фудбалери ќе бидат казнети од страна Олимпискиот комитет на оваа земја.

Бразилскиот олимписки тим во Токио, пред почетокот на ОИ, бил известен дека сите спортисти ќе мора да ја носат официјалната опрема, која за бразилските спортисти ја дизајнирале од кинеската компанија „Пикспорт“.

Фудбалерите на доделувањето на медали излегоа во дресовите на компанијата „Најк“, а долните тренерки биле на кинескиот производител.

Овој потег на фудбалерите не им се допаднал на останатите олимпијци. Пливачот, Бруно Фратус, освојувач на бронзен медал на 50 метри слободни, рекол дека потегот на фудбалерите испраќа „јасна порака дека тие не се чувствуваат дека се членови на олимпискиот тим“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП