28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШто се случува со Нејмар?

Што се случува со Нејмар?

Бразилскиот фудбалер Нејмар (29) ги минува летните денови во популарната шпанска Ибица каде ужива во друштво на разголени убавици. Но, овој пат вниманието не го украдоа убавиците на јахтата, туку неговиот нов изглед.

Иако во моментов е втор најплатен фудбалер во светот, ова не го спречи Нејмар да се здебели неколку килограми по завршувањето на сезоната. Папарацо-фотографиите ги шокираа неговите фанови кои не се воопшто одушевени и го бомбардираа со негативни коментари на социјалните мрежи.

„Не можам да верувам дека ова е Нејмар“… “Се уништил!“ …Тажно е да го гледам вака! “- ова се само некои од коментарите на сметка на неговиот зголемен стомак.

На Инстаграм, фудбалерот го покрива стомакот со маичка или едноставно стои зад пријател додека го фотографираат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП