29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМилиони Американци се во опасност да бидат исфрлени на улица

Милиони Американци се во опасност да бидат исфрлени на улица

Милиони Американци повторно се во опасност да останат без покрив над главата затоа што не можат да платат кирија, бидејќи истекува мораториумот кој на сопствениците им забранува да ги исфрлат на улица станарите за време на пандемијата на коронавирус, а Конгресот не го продолжи.

Врховниот суд на САД претходно одлучи дека мораториумот може да важи до 31 јули, но администрацијата на претседателот Џо Бајден не ја обжали одлуката.

Се проценува дека повеќе од 3,6 милиони луѓе се загрозени, кои би можеле да бидат на улица уште во понеделник доколку не ја платат киријата.

Кога стана јасно дека Конгресот нема да го продолжи времетраењето на овој мораториум, претседателот Бајден апелираше до федералните власти да ги преземат неопходните чекори и да спречат луѓето да бидат исфрлени на улица, пренесува Гласот на Америка.

„Државите и локалните власти треба да им платат на сопствениците и изнајмувачите од нивните средства и да спречат иселување“, рече Бајден во апелот.

Конгресот претходно одобри помош од 47 милијарди американски долари за федералните држави за да обезбедат пари за сопствениците кои ги издаваат своите станови за време на пандемија кога многу луѓе загубија работа и пари.

Конгресмените потсетуваат дека федералните држави ги распределија тие пари многу бавно и дека беа потрошени само три милијарди долари.

Во четвртокот, Бајден го повика Конгресот итно да го продолжи мораториумот за протерување, претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси закажа гласање за петок рано наутро, но по неколкучасовните преговори, демократите не успеаја да се договорат за продолжување, а и републиканците не го поддржуваат предлогот.

Според Министерството за урбан развој, на крајот на март, речиси 6,4 милиони домаќинства доцнеле со плаќањето на киријата, а на почетокот на јули, 3,6 милиони луѓе изјавиле дека би можеле да останат без покрив над главата во следните два месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП