20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНестварен пресврт на Зверев – Германецот го победи Ѓоковиќ

Нестварен пресврт на Зверев – Германецот го победи Ѓоковиќ

Александар Зверев го урна сонот на Новак Ѓоковиќ дека ќе освои златен медал во сонг на Олимписките игри во Токио. Зверев, во второто полу-финале, со нестварен пресврт, го победи Ѓоковиќ со 2:1 (1/6, 6/3, 6/1).

Првиот сет мина во доминација на Ѓоковиќ, која два пати му го одзеде сервисот на противникот и експресно дојде до 6/1.

Во вториот Ѓоковиќ направи брејк, поведе со 3:2 и тука застана. До крајот на мечот, од одиграните 11 гемови, Зверев освои десет, Ѓоковиќ само еден. Србинот во тој период пет пат сервираше и само една успеа да го освои гем на својот сервис.

Со оглед на тоа како се движеше резултатот до половина од вториот сет, ова е еден од најтешките порази на Ѓоковиќ во кариерата.

Зверев ја наплати агресивноста во текот на пвој меч, имаше 30 винери и само 14 неизнудени грешки, додека Ѓоковиќ забележа само 12 директни поени и имаше 16 неизнудени грешки.

Зверев во финалето ќе игра против Карен Хачанов од Русија, додека Ѓоковиќ за бронзата ќе се бори против Пабло Карењо-Буста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП