23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовите модели на „Volvo“ добиваат нормални имиња

Новите модели на „Volvo“ добиваат нормални имиња

„Volvo“ целосно ќе го смени системот за именување на своите модели, а на сите нови автомобили ќе им бидат дадени сопствени имиња, наместо алфанумерички индекси, како што беше досега.

Ова го најави претседателот на шведскиот производител Хакан Самуелсон, прецизирајќи дека во иднина моделите на „Volvo“ ќе бидат „крстени“ како деца, а сегашните „инженерски имиња“ ќе останат во минатото.

Идејата на компанијата е да означи влез во нова ера. Последен пат моделите на „Volvo“ имаа свои имиња пред повеќе од половина век.

Првиот автомобил што ќе добие име е наследникот на кросоверот „XC90“, рече Самуелсон, додавајќи дека во моментов се води „интересна дискусија за неговото име, но сè уште не е избрано“.

Во сегашниот опсег на „Volvo“, буквата „S“ се однесува на седаните, „V“ за караваните, „C“ за хечбек моделите и „XC“ за кросоверите. Оваа шема беше усвоена во 1995-та година. Во зависност од големината, се одредува и нумеричкиот индекс – компактните модели се обележани со 30 и 40, оние со средна големина со 60, а предводниците со 90.

Швеѓаните последен пат користеа имиња за своите модели во раните 70-ти, кога се произведе семејството „Amazon“, вклучувајќи купе, седан и караван – сите тие со погон на задните тркала.

Интересно, напуштањето на комбинацијата на букви и број е во спротивност со она што се случува во автомобилската индустрија, бидејќи овие индекси значително ја поедноставуваат стандардизацијата и не мора да нудат ист модел под различни имиња на различни пазари. Пример за премин кон овој тип на име е „Volkswagen“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП