28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДенес официјално започнуваат Олимписките игри во Токио – Македонија со 8 претставници

Денес официјално започнуваат Олимписките игри во Токио – Македонија со 8 претставници

Во Токио денеска во 13 часот по средноевропско време ќе бидат отворени 32. Олимписки игри кои е планирано да траат до 8 август.

Овие олимписки игри нема да бидат слични на ниту едни од претходните затоа што љубителите на спортот од другите земји во светот нема да можат да присуствуваат во Јапонија поради пандемијата на коронавирусот.

Церемонијата на стадионот кој е изграден во 2019. година специјално за Игрите ќе се одржи без гледачи, а на трибините ќе има само 950 службени лица – дипломати, спонзори и претставници на Меѓународниот олимписки комитет (МОК).

Најавено е присуството и на 15 шефови на држави и меѓународни организации.

На ОИ предвидено е да се натпреваруваат 11.091 спортист од 206 земји во светот, соопштија од МОК.

Македонската експедиција во Токио ќе има 8 натпреварувачи:

Дејан Георгиевски, таеквондо – категоријата +80 килограми
Арбреша Реџепи – џудо категорија 52 килограми
Миа Блажевска Еминова – пливање, на трката на 100 метри
Филип Деркоски – пливање, 400 метри
Борјан Бранковски – спортско стрелаштво 10 метри
Пулексенија Јованоска – карате, кати
Јован Стојоски – атлетика, трка на 400 метри
Магомедгаџи Нуров – борење слободен стил, 97 килограми.

Игрите во јапонската престолнина требаше да се одржат минатата година, но пандемијата ги одложи 12 месеци.

Од Меѓународниот олимписки комитет се децидни дека Олимписките игри ќе се одржат според зацртаниот натпреварувачки календар и дека со мерките на претпазливост, спортистите ќе бидат безбедни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП