ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ планира да овозможи следење на трансфери на Биткоин

ЕУ планира да овозможи следење на трансфери на Биткоин

Предложените измени на законот на ЕУ ќе ги принудат компаниите што вршат трансфери со биткоин и други крипто-валути да собираат податоци за испраќачите и примателите, а овие предлози ќе овозможат следење на крипто-валутите и ќе помогнат да се спречи перење пари и финансирање тероризам, соопшти Европската комисија.

Новите правила, кои би можеле да бидат донесени за две години, исто така, ќе оневозможат да се обезбедат анонимни трансфери на крипто-валути, односно анонимни „крипто паричници“, УСБ-уреди на кои се чуваат крипто-валути.

Ставот на Европската комисија е дека трансферите во крипто-валути треба да подлежат на истите правила против перење пари како и обичните електронски трансфери, така што еден од предлозите е компаниите што вршат трансфери на крипто-валути да бидат обврзани да наведат име, адреса, датум на раѓање и број на сметката на примателот.

За да станат законски, предлозите ќе треба да бидат одобрени од земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП