ПочетнаКОМПАНИИОхридска банка избришана од Централниот регистар на Република Северна Македонија

Охридска банка избришана од Централниот регистар на Република Северна Македонија

Охридска банка преку официјалниот сајт на Македонска берза објави дека на ден 16.07.2021 година, од страна на Централниот регистар на Република Северна Македонија е донесено Решение број 35020210017402 со кое правниот субјект Охридска банка АД Скопје е избришан од регистарот, поради статусна промена и Решение бр.35020210017401 за извршен упис на промена-присоединување за субјектот Шпаркасе банка Македонија АД Скопје.

Со издавањето на горенаведените решенија е завршена постапката на регистрација на присоединување на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе банка Македонија АД Скопје.

Групацијата Steiermarkisse Sparkasse во ноември 2019 година ја презема Охридска банка АД Скопје.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП