28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнгеловски и Пандев со благодарници од АМС: Тимот докажа – кога има...

Ангеловски и Пандев со благодарници од АМС: Тимот докажа – кога има слога, има и успех!

Агенцијата за млади и спорт денеска им додели благодарници на сега веќе ексселекторот на машката македонска фудбаласка репрезентација Игор Ангеловски и екскапитенот Горан Пандев за пласманот и игрите прикажани на ЕВРО 2020.

По мечот со Холандија во групната фаза, и Ангеловски, но и Пандев ја завршија својата мисија во националниот тим.

„Тимот докажа дека кога има слога има и успех. Без разлика кој од каде доаѓа, нашите репрезентативци докажаа дека сплотеноста на тимот е предуслов за тоа што го постигнавме. Покажавме дека сме мала земја со големо срце“, рече популарниот Мрме.

На неговите зборови се надоврза и „Гранде Пандев“.

„Европското е голем успех за секоја репрезентација, особена за нашата. И покрај големите остварувања во мојата долгогодишна фудбалска кариера, за мене настапот на европско првенство со мојата репрезентација е моментот кој го чекав сите овие години“ – порача тој.

Директорот на АМС, Наумче Мојсоски, им се заблагодари за позитивните емоции кои ги предизвикаа кај нацијата.

„Јас доаѓам од спортот и знам како треба да се вреднува спортскиот дух. Мојата цел како директор на Агенција за млади и спорт и на секој еден кој бил дел од спортот да го добие тоа што го заслужува, а за тоа потребна е добра организација, тимска работа и пред сè  чесна трудољубива работа и на самите спортисти, како и на клубовите и федерациите кои ги поддржуваат. Најдобар пример за тоа се капитенот Пандев и селекторот Ангеловски“, порача Мојсоски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП