19 јуни, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Hyundai“ се пофали со најмоќната „Elantra“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Hyundai“ се пофали со најмоќната „Elantra“ (ФОТО/ВИДЕО)

Корејскиот производител „Hyundai“ официјално ја претстави најбрзата и најмоќната верзија на својата лимузина „Elantra“. Моделот го добива додатокот „N“ на своето име, а во изгледот и опремата во голема мера го повторува моделот со ниво на опрема „N Line“, но со големи подобрувања под хаубата.

Изборот на мотор не е изненадување за никого. Очекувано, „Elantra N“ добива 2,0-литарски бензински турбо мотор со 280 ks. Љубителите на рачните брзини, сепак, ќе бидат разочарани, бидејќи спортскиот седан ќе биде достапен само со 8-степен автоматски менувач со двојна спојка. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 5,3 секунди.

Моќта не е единственото моќно оружје во оваа верзија. Добива интегрирана погонска оска што им помага на предните тркала да се справат со зголемената моќност и го намалуваат подуправувањето. „Hyundai“ тврди дека ваквиот дизајн издржува подобри странични оптоварувања, а  во исто време е полесен.

Направени се и други измени во суспензијата, со цел да се зголеми нејзината јачина. Тие вклучуваат нови засилувања на шасијата, како и поцврсти задни врски. Седанот добива функција наречена „N Grin Shift“ (NGS), која при забрзување дава дополнителни 10 ks. Покрај тоа, „Elantra N“ е опремен и со издувен вентил за променливо време, кој исто така помага за помазно забрзување.

Во кабината на „Elantra N“ има вграден тајмер, чии индикатори се појавуваат на екранот на инфо-забавниот систем. Постојат и монитори кои го следат нивото на маслото и состојбата на моторот и температурата на течноста за ладење. Клиентот добива надградени места со дополнително засилување.

Засега не се објавени цените на спортската лимузина, а се очекува до крајот на годината продажбата на моделот да започне најпрво во Јужна Кореја, а потоа и на другите пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар