28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО𝐒𝐢 𝐒𝐞𝐧̃𝐨𝐫 – Рамос е нов играч на ПСЖ

𝐒𝐢 𝐒𝐞𝐧̃𝐨𝐫 – Рамос е нов играч на ПСЖ

Серхио Рамос, од денес, официјално е фудбалер на ПСЖ.

„Со задоволство ве известуваме дека Серхио Рамос е нашиот нов играч. Шпанскиот фудбалер потпиша двегодишен договор“, соопшти клубот.

Шпанецот, претпладнево успешно ги поминал медицинските тестови и потоа го ставил својот потпис на договорот, кој важи до 30.јуни 2023 година.

„Ова е најдоброто место каде што можев да ја продолжам кариерата. Ова е најдобриот клуб за нови победи. Ќе се бориме со се што имаме. Напред ПСЖ“, порачал Рамос.

Серхио Рамос на Паркот на принцовите пристигна по 16 години минати во Реал Мадрид. За „кралскиот клуб“ одиграл 671 натпревар, постигнал 100 голови. Со Реал четири пати ја освоил Лигата на шампионите, има пет титули во Ла Лига, два во Купот на Шпанија, четири во Суперкупот, три во Суперкупот на УЕФА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП