25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИталија ќе го освои Европското првенство

Италија ќе го освои Европското првенство

Европското првенство во фудбал влегува во завршницата. До крајот на турнирот останаа уште три натпревари. Вечерва во полу-финалето ќе играат Италија и Шпанија, а утре Англија и Данска. Финалето ќе се одигра на 11.јули.

Обложувалниците најголеми шанси за освојување на титулата и даваат на Англија. Англичаните играат на домашен терен, имаат одличен тим и за разлика од Данска, Италија и Шпанија ќе имаат поддшка од навивачите.

Со своја прогноза околу конечниот победник излезе и „Стас перформ“, спортска куќа коај се занимава со аналитика.

Суперкомпјутерот кој го користи оваа куќа пресмета дека најмногу шанси за освојување на титулата има Италија, 39,8 отсто. Десет отсто помали шанси има Англија, Шпанците се трети со 22,4 отсто, а најмалку шанси за трофејот има Данска, само 8,4 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП