25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнглија е класа за Украина

Англија е класа за Украина

Англија ја комплетираше листата на полу-финалисти на Европското првенство. Англичаните, во последното четврт-финале, ја декласираа Украина со 4:0.

Фудбалерите на Герет Саутгејт, ја оправдаа фаворитската улога, против лимитираниот противник, кој покажа дека има лоша одбрана која не знае како да се брани при нафрлувањата од корнери или слободни удари. Три од четирите гола, Англија ги постигна со удари со глава.

Триумфот го најави Хари Кејн по само четири минути игра. До крајот на полувремето, Деклан Рајс имаше добра шанса, меѓутоа неговиот удар од 20 метри успеа да го одбрани Бушчан.

Украинците, во првите 45.минути неколку пати се обидоа, но не успеаја сериозно да се заканат кон голот на Пикфорд.

Украинскиот тим потона целосно во првите пет минути од второто полувреме. Хари Мегваер во 47.минута зголеми на 2:0, а три минути подоцна Кејн го постигна својот втор гол. Асистент за овие голови беше Лук Шо.

Конечниот резултат во 63.минута го постави Џордан Хендерсон во 63.минута. Интересно за Хендерсон ова е деби гол во дресот на репрезентацијата, во неговиот 62.настап.

Англија на 7.јули, во полу-финалето ќе игра против Данска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП