25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГрупа по мерка на Вардар 1961 во ЛШ

Група по мерка на Вардар 1961 во ЛШ

Вардар 1961, во новата сезона, ќе се натпреварува во Б-групата, во Лигата на шампионите. Среќата беше на страна на црвено-црните, на денешната ждрепка во Виена. Вардар 1961 успеа да ја избегне А-групата, во која се наоѓаат пет клуба кои претендираат не само на пласман на завршниот турнир, туку и на европската титула.

Противници на Вардар 1961, во Б-групата, ќе бидат Кил, Алборг, ПИК Сегед, Монпелје, Мешков Брест, Загреб и Елверум.
А-групата ја предводи европскиот првак Барселона, а во не се и ПСЖ, Веспрем, Кјелце, Фленсбург, Динамо Букурешт, Порто и Мотор.

Иако влегоа во Б-групата, ракометарите на Вардар 1961 се уште немаа загарантирано место во Лигата на шампионите.
Клубот мора да остави гаранција од 1.000.000 евра, поради долговите кои ги направи претходното раководство на чело со Сергеј Самсоненко.

ЕХФ, соопшти дека Вардар 1961, сумата треба да ја уплати во две рати, првата на 13., а втората на 27.јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП