19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Гранде“ Пандев потврди дека утре го игра последниот меч за Македонија!

„Гранде“ Пандев потврди дека утре го игра последниот меч за Македонија!

Легендарниот македонски капитен Горан Пандев, потврди дека утре против Холандија ќе го одигра својот последен меч за македонската репрезентација, заминувајќи како најдобриот на сите времиња.

„Гранде“ Пандев, кој има 37 години и уште е неизвесно дали ќе ја продолжи кариерата во Џенова, и си заминува од репрезентацијата со рекордни 121 настапи и 38 постигнати голови.

„Мечот со Холандија ќе биде мојот последен во дресот на репрезентацијата. Остваривме нешто што не знаеме кога ќе се повтори и ова е вистински момент да се простам од репрезентацијата. Оваа генерација фудбалери може да ни донесе многу радости и во иднина и верувам во пласман на Светско првенство. Среќен сум што заминувам на големо натпреварување и не може да биде поголемо од меч против Холандија на ‘Јохан Кројф арената’. Сакам да завршам дома во Скопје пред навивачите, но ова е дефинитивно крај и најверојатно ќе ставам крај на клупскиот фудбал.  Утре треба да бидеме храбри, да играме отворено како во второто полувреме против Украинците. Холандија е многу моќна, но можеме да ги изненадиме“, изјави Пандев на прес-конференција во Амстердам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП