23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанкарите веруваат дека ЕЦБ ќе ги зголеми каматните стапки дури во 2024...

Банкарите веруваат дека ЕЦБ ќе ги зголеми каматните стапки дури во 2024 година

Во изминатите неколку години, основните каматни стапки во еврозоната се развиваа исклучиво во една насока – надолу. За време на мандатот на поранешниот претседател на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги, немаше зголемување на референтната каматна стапка. Всушност, последен пат беше зголемена пред околу десет години, потсетува германскиот Ханделсблат.

Тоа може да се промени за време на мандатот на сегашната претседателка на ЕЦБ, Кристин Лагард. Барем тоа го очекуваат експертите на европскиот пазар. Според новата студија на Европската централна банка, тие веруваат дека Централната банка на Европа ќе ја зголеми каматната стапка во мај 2024 година.

Ова се само некои од резултатите од новото истражување што традиционално го спроведе ЕЦБ шест недели пред состанокот на Советот. На него учествуваат учесници на пазарот од различни земји од еврозоната. На нив им се поставуваат прашања поврзани со нивните очекувања во врска со купувањето обврзници, каматните стапки, инфлацијата и економскиот раст.

Во однос на големината на зголемувањето на референтната каматна стапка на ЕЦБ, учесниците во истражувањето очекуваат само мал чекор, односно зголемување за десет основни поени. Да потсетиме, стапката сега е минус 0,5 проценти, односно во моментов банките што имаат вишок ликвидни средства во ЕЦБ треба да плаќаат камата од 0,5 проценти.

Едно од прашањата за учесниците во истражувањето е колку простор за маневар ЕЦБ има за да ги намали каматните стапки. Повеќето економисти сметаат дека ќе се достигне до точка кога оваа практика ќе го забави економскиот развој, бидејќи клиентите во банките ќе започнат да ги вадат своите пари и да ги ставаат во сеф, што секако ќе плати помалку од каматата на банката. Според истражувањето на ЕЦБ, испитаниците сметаат дека минус 0,8 проценти е долната граница на стапката на депозити.

Во моментов најважниот инструмент на ЕЦБ е купување на обврзници преку програма специјално дизајнирана за време на пандемијата на короната, ПЕПП. Програмата вклучува фонд од 1,85 трилиони евра, и засега има ограничено траење – до март 2022 година. Според испитаниците на ЕЦБ, се претпоставува дека ова купување на обврзници ќе заврши во утврдениот рок.

Покрај ПЕПП, Европската централна банка купува и обврзници дизајнирани од претходната програма АПП, за 20 милијарди евра месечно. Според испитаниците кои учествувале во истражувањето на ЕЦБ, овие набавки ќе траат подолго, односно се очекува да траат најмалку до декември 2023 година.

Покрај монетарната политика, истражувањето ги разгледува и очекувањата за понатамошен економски развој. Испитаниците очекуваат силен раст, особено оваа година. Во просек, тие се надеваат на реален раст од 1,4 проценти во вториот квартал, како и 2,4% во третиот и 1,3% во четвртиот квартал.

Невработеноста во еврозоната годинава се очекува да биде далеку над нивото од пред-пандемијата. На крајот на 2019 година, сезонски прилагодената стапка на невработеност во еврозоната беше 7,4 проценти. Според очекувањата на испитаниците, овој праг повторно ќе биде достигнат само во третиот квартал од 2023 година.

Кога станува збор за инфлацијата, испитаниците очекуваат просечно 2,1 процент во третиот квартал и 2,3 проценти во четвртиот квартал, за еврозоната. После тоа, сметаат испитаниците, ќе дојде до значително слабеење на растот на цените, а инфлацијата се очекува да биде 1,4 проценти во првиот квартал на 2022 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП