29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо Токио 160.000 кондоми за спортистите, но со порака – не ги...

Во Токио 160.000 кондоми за спортистите, но со порака – не ги користете!

Организаторите на Олимпијадата во Токио ова лето ќе им поделат на спортистите 160.000 бесплатни кондоми, а во исто време ќе им забранат да имаат секс, односно ќе треба да си ги вратат кондомите дома како сувенири.

Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) потврди дека сите кои ќе бидат сместени во олимпиското село ќе мораат да ги почитуваат правилата за социјално дистанцирање поради КОВИД-19, заканувајќи се со финансиски казни, дисквалификација, но и депортирање од Јапонија.

Според правилата, спортистите мораат да избегнуваат „секаков непотребен физички контакт“, што ги остава сигурно неупотребливи 160.000 кондоми кои традицонално се делат на спортистите на Олимпијадите од Сеул 1988 година.

Организаторите велат дека кондомите ќе бидат само симболична порака за безбеден секс и за зголемување на свесноста за ХИВ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП