29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈармоленко контра Роналдо и Погба: Кока-кола и Хајнекен, јавете ми се!(ВИДЕО)

Јармоленко контра Роналдо и Погба: Кока-кола и Хајнекен, јавете ми се!(ВИДЕО)

Украинскиот напаѓач на Вест хем, Андриј Јармоленко, не се возддржа и повторно се „играше“ со шишињата на прес-конференцијата по победата над Македонија, во која беше именуван за играч на натпреварот.

Откако Роналдо ги отстрани шишињата Кока-кола, а Погба го направи истото со шишето Хајнекен и УЕФА објави дека треба да се почитуваат спонзорите на турнирот, Украинецот ги побара компаниите за свои спонзори.

„Може да направам нешто, видов дека Роналдо прави вака. Ќе ја поместам Кока-колата тука, а пивото тука. Кока-кола и Хајнекен, ве молам да ме контактирате“, вели Јармоленко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП