ПочетнаЕКОНОМИЈАВработеноста во Турција ќе се зголеми следната година

Вработеноста во Турција ќе се зголеми следната година

turkey1

Турција ќе биде една од трите земји, кои следната година ќе забележат највисок раст на вработеноста, се наведува во извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Се прогнозира дека вработеноста во Турција ќе се зголеми за 2,2 отсто со што земјата ќе биде на трето место во однос на овој показател меѓу државите од ОЕЦД.

Највисоко зголемување на вработеноста се очекува во Израел и Мексико и тоа ќе изнесува 2,7 отсто.

Во извештајот се наведува дека следната година се очекува пад на вработеноста во повеќе држави, меѓу кои е и Грција, каде се очекува најголем пад од 2,1 отсто.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП