20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСонот да се заработи големи пари е примамлив за многумина, но постојат...

Сонот да се заработи големи пари е примамлив за многумина, но постојат многу замки: „Преземате многу голем ризик“

Експертите велат дека зависниците од криптовалути покажуваат ист вид на однесување како и коцкарите.

Во 2015 година, британецот Џејк купил биткоин, најпопуларната крипто валута. По неколку години, тој се нашол на лекување во една од болниците во Велика Британија, специјализирана за оние кои се опседнати со коцкање.

Тој за Би-Би-Си изјави дека изгубил милиони во тргувањето со криптовалути. Џејк имал проблеми во бракот и приватниот живот, а тргувајќи со крипто-валути полека ги губел парите што ги заштедил.

Но, со еден потег успеал да врати се што изгубил дотогаш и почувствувал силна еуфорија. Тоа бил само почеток на крајот за кој тој не бил свесен. Бидејќи на работа бил надлежен за милиони фунти, тој започнал за инвестирање да користи пари што не биле негови.

Пазарот на криптовалути се движел брзо и наскоро изгубил голема количина.

– Беше околу два часот по полноќ, се вратив во кревет и морав да легнам покрај сопругата. Таа немаше појма што правам – изјави Џејк за Би-Би-Си.

Тој се соочува со кривична пријава за проневера на пари, но успеа да врати 1,5 милиони фунти на својот работодавец со помош на семејството. Сега се лекува од зависност.

Податоците покажуваат дека стотици илјади Британци поседуваат криптовалути, а колку е опасен овој пазар, покажува и фактот дека тој достигна најголема вредност досега на почетокот на мај, а неколку недели подоцна имаше голем пад.

Кога ќе добиете нешто на ваков променлив пазар, тогаш тоа е голема сума, но истото важи и за загубите. Кога ќе почнете да губите, брзо се наоѓате на дното.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП