23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија повеќе не е на германската листа на ризични земји

Македонија повеќе не е на германската листа на ризични земји

Според новите податоци, објавени од државниот германски институт „Роберт Кох“, Македонија повеќе не се смета за ризична држава од Ковид-19.

Со тоа, за влез во Германија по копнен пат за македонските граѓани целосно нема да важат корона-ограничувањата односно обврските за дигитална пријава на патувањето, за негативен ПЦР-тест, како и за карантин, пренесе „Дојче Веле“.

Оние, пак, кои со авион пристигнуваат на некој германски аеродром меѓутоа и натаму ќе мора да имаат потврда за негативен ПЦР-тест или потврда за прележан Ковид-19 или потврда за целосна вакцинација пред поаѓањето, се наведува во извештајот на Институтот Роберт Кох. (РКИ).

Од листата се отстранети и Грција, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора.

Отстранувањето од списокот, го олеснува патувањето во Германија за македонските граѓани.

Новите правила за патување ќе важат од утре.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП