ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОбјавени слики на кинескиот ровер на Марс

Објавени слики на кинескиот ровер на Марс

Кинеската вселенска агенција објави „селфи“ од роверот на Марс, со платформата за слетување во позадина на која е прикажано кинеското знаме, пренесоа агенциите.

Роверот Журонг, именуван по кинескиот Бог на огнот, ги сликал и трагите кои ги оставил на црвената планета, а кинеската вселенска агенција организирала церемонија по повод објавувањето на фотографиите.

Роверот слета на Марс во средината на мај. Роботот треба да собира податоци од планетата 90 дена.

Ова е прва кинеска мисија на Марс.

Кина е втора земја што слета ровер на Марс, по САД.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП