25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали е ова новиот крал меѓу теренците? Пристигна „Toyota Land Cruiser 300“...

Дали е ова новиот крал меѓу теренците? Пристигна „Toyota Land Cruiser 300“ (ФОТО/ВИДЕО)

Целосно новата генерација на „Toyota Land Cruiser“ беше претставена на презентацијата на интернет.

Овој џип се здоби со статус на автомобилска легенда во текот на својата 70-годишна историја, со продадени повеќе од 10 милиони примероци во 170 земји во светот.

„Toyota“ посочува дека „Land Cruiser 300 Series“ е првиот нов, продолжен „Land Cruiser SW“ од појавувањето на „LC 200“ во 2007-ма година, а промените што ги носи се единствени.

Моторите, менувачите и платформата се целосно нови и дизајнирани да обезбедат чекор напред во однос на перформансите, како на патот, така и во најтешките теренски услови.

„Toyota“ ја претстави новата механичка платформа „TNGA“ (Toyota New Global Architecture), како прва што е развиена за возила со решение за каросеријата од шасијата.

Јапонскиот производител наведува дека оваа платформа, со ознака „GA-F“, ги задржува исклучителните теренски можности, но ја подобрува силата на каросеријата, моќта и динамичката рамнотежа, со уште подобри возни карактеристики на патот.

Новата платформа е исто така предуслов за примена на нови технологии, намалување на телесната тежина, намалување на тежиштето на возилото, подобрување на безбедноста и примена на нов дизајн на екстериерот и ентериерот.

Самата шасија е редизајнирана за да се намали тежината и да се подобри цврстината, така што новиот „Land Cruiser“ е полесен за 200 килограми од неговиот претходник.

Во исто време, беше применет нов систем на суспензија, додека возачите со возачко искуство на „Релито Дакар“ ги тестираа неговите перформанси до крајност. Целта не беше само да се направи теренец за големи можности, туку и да се овозможи возачот да го контролира возилото што е можно подобро на патот или во теренски услови.

Посебно внимание се посветува на прилагодувањето на системот за суспензија со цел да се постигне оптимална контрола на тркалата за подобар контакт со земјата на лош терен, како и подобро одржување на правецот, кој е одговорен за електронскиот кинетички динамички систем на суспензија (E-KDSS ), прва електронска суспензија од ваков вид во светот.

Новиот „Land Cruiser“ е исто така првиот модел на „Toyota“ кој има мулти-теренски монитор, кој му овозможува на возачот да ја види земјата под и околу возилото во реално време, како и позицијата на тркалата. Овој систем автоматски ја препознава површината и го одредува најдобриот режим на возење.

Новите V6 твин-турбо мотори – 3,5-литарскиот бензинец и 3,3-литарскиот дизел се дизајнирани да обезбедат подобрени возни карактеристики и управување.

Бензинскиот произведува 415 ks (305 kW) и 650 Nm, додека дизелот треба да има околу 310 коњски сили и 700 Nm.

Двете нови единици се достапни со нов автоматски менувач со 10 брзини, што придонесува за намалување на потрошувачката на гориво и емисијата на СО2 за околу 10% во споредба со моделот од сегашната генерација.

„Toyota“ ќе започне со продажба на новиот „Land Cruiser“ во текот на летото, кога ќе бидат познати и цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП