ПочетнаЕКОНОМИЈАТурците градат најголем аеродром

Турците градат најголем аеродром

air1

Истанбул ќе добие трет аеродром со капацитет од 100 милиони патници годишно, со што, овој аеродром ќе биде најголемиот аеродром на светот.

Како што најави турскиот министер за транспорт Бинали Јилдирим, тендерот за овој проект ќе биде објавен на 3 мај, а изградбата на аеродромот ќе трае 42 месеци.

Новиот аеродром ќе биде изграден северно од Истанбул, на европската страна на градот во близина на Црното Море, со што ќе се овозможи лесен трансфер на патници.

Според изјавите на министерот, новиот аеродром ќе има три писти, на кои ќе можат да слетуваат и полетуваат и најголемите авиони, како Ербас 380 и Боинг 787.

Сегашните два аеродрома, Ататурк на европската страна на Истанбул и Сабиха Гокчен на азиската страна, не се доволни за растечкиот број на патници, изјави турскиот министер за транспорт.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП