20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Килијан Мбапе останува во ПСЖ“

„Килијан Мбапе останува во ПСЖ“

Претседателот на ПСЖ, Насе Ал-Келаифи, рекол дека Килијан Мбапе нема да го напушти Париз во летниот преоден рок.

Во интервју за „Канал плус“, Ал-Келаифи, со многу оптимизам најавил дека напаѓачот ќе го носи дресот на ПСЖ и наредната сезона.

„Ако мене ме прашувате, Килијан е фудбалер на ПСЖ и ќе остане во нашиот тим. Тој е од Франција, од Париз. Има договор со клубот и 100 отсто ќе остане“.

Француските медиуми пренесуваат дека Мбапе решил, по Европското првенство, да разговара со клупските челници околу новиот договор.

Мбапе најчесто се поврзува со Реал Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП