28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТрка на поезијата - Струга

Трка на поезијата – Струга

Успешно заврши првата “Трка на поезијата” во Струга

Под мотото „Трчаме рецитираме“ денеска во Струга се одржа првата „Трка на поезијата“ на која учествуваа 620 натпреварувачи на пет и на 10 километри, во организација на Здружението „Спортски мостови“.

Организаторите се задоволни од настанот, кој првпат по три децении се одржа на струшките улици.

– Поминавме одлична трка, со оглед на фактот дека по 30 години првпат се организира трка во Струга. Коментарите се позитивни и кај учесниците, но и меѓу стружани. Доследно се почитуваа и препораките за заштита од Ковид – 19, изјави Мими Стојаноска од Здружението „Спортски мостови“.

Победник на 10 километарската траса беше Милош Ранчиќ во машка и Билјана Караџиева во женска конкуренција, втори беа Миомир Алексовски и Весна Караџиева, а третото место им припадна на Александар Караџиев и Сандра Арсовска.

На пет километри победници беа Христијан Ивановски во машка и Николина Милевска Вељановска во женска конкуренција. Атанас Епов и Екатерина Кукоска беа второпласирани, а трети до целта стигнаа Грегоријан Никовски и Славица Игнатовска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП