24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо ја предводи Португалија во одбрана на титулата

Роналдо ја предводи Португалија во одбрана на титулата

Фернандо Сантош, селекторот на португалската фудбалска репрезентација, го објави списокот на фудбалери за Евро 2020, каде што Кристијано Роналдо ќе го предводи шампионот во одбрана на титулата во „групата на смртта“ со Франција и Германија.

Португалците во одбраната го имаат најдобриот играч во Премиер лигата оваа сезона, Рубен Дијаш од Манчестер сити, заедно со ветеранот Пепе, во средниот ред тука е Бруно Фернандеш, а во нападот покрај Роналдо, фантастичните Бернардо Силва и Диого Жота.

Португалија го стартува ЕУРО против Унгарија на 15 јуни во Будимпешта, по што на 19 јуни во Минхен игра со Германија, пред на 23 јуни да ја комплетира групната фаза со дуелот со Франција во реприза на финалето на Евро 2016, кое Португалците го добија со 1:0.

ГОЛМАНИ: Руи Патрисио, Лопеш, Руи Силва

ОДБРАНА: Жоао Кансело, Нелсон Семедо, Жозе Фонте, Пепе, Рубен Дијаш, Нуно Мендеш, Рафаел Гереиро.

СРЕДЕН РЕД: Данило, Жоао Палиња, Рубен Невеш, Бруно Фернандеш, Жоао Мутињо, Ренато Санчес, Сержо Оливеира, Вилијам Карваљо, Поте.

НАПАД: Андре Силва, Бернардо Силва, Кристијано Роналдо, Диого Жота, Гонсало Гуедеш, Жоао Феликс, Рафа Силва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП