20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Магијата“ на Кавани недоволна за победа над Фулам, Јунајтед уште не се...

„Магијата“ на Кавани недоволна за победа над Фулам, Јунајтед уште не се втори

Ниту фантастичниот гол од 40-тина метри на Единсон Кавани, со кој тој се приклучи на елитната група напаѓачи на Манчестер јунајтед, не беше доволен за „ѓаволите“ да ги победат Фулам во претпоследното коло во Премиер лигата, и во исто време да го обезбедат второто место на табелата на „ѓаволите“, зад недостижните Манчестер сити.

За Уругваецот ова беше 10. гол оваа сезона, овојпат пред 10.000 фанови на „Олд Трафорд“, со што се приклучи на Теди Шерингам и Златан Ибрахимовиќ како единствени фудбалери со над 33 години кои постигнале барем 10 гола за „ѓаволите“ во една сезона. Теди Шерингам во 2000/01 постигна 15 гола во Премиер лигата за Јунајтед да ја освоја титулата, додека Ибрахимовиќ во 2016/17 постигна 17 гола, а Јунајтед ја освоија титулата од Лига Европа и Карабао купот. Кавани исто така го израмни остварувањето на неговиот сонародник Диего Форлан.

И покрај доминацијата, Јунајтед не успеа да постигне втор гол, пред во 76. минута ова да биде казнето по една брза акција на Фулам, Џо Брајан да израмни на 1:1. Ова значи дека второто место на Јунајтед уште не е гарантирано, бидејќи Лестер може да ги престигне со две победи до крајот на сезоната.

Во вториот меч, Лидс на Езѓан Алиоски, стигна до 0:2 победа на гости кај Саутемптон со головите на Патрик Бамфорд и Тејлор Робертс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП