28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШахтјор го купи Бернард за 25 милиони

Шахтјор го купи Бернард за 25 милиони

portrait_bernard_shakhtar

Украинскиот шампион Шахтјор Донецк го купи Бразилецот Бернард од Атлетико Минеиро за 25 милиони евра, соопштија од клубот. Договорот на Бразилецот со Шахтјор е за пет години.

Бернард е 21-годишен играч од средниот ред кој му помогна на Атлетико Минеиро да ја освои Копа Либертадорес и беше дел од тимот на Бразил во Купот на Конфедерации во јуни.

За неговите услуги интерес пројавија уште неколку клубови од Европа, помеѓу кои Арсенал, Тотенхем, Шахтјор и Порто.

Играчот преферираше преселба во Порто, но највисока понуда до Атлетико Минеиро испрати Шахтјор.

Оваа недела играчот пристигна во Доњецк, и иако беше најавено дека Бернард сака само да добие подобра слика за шампионот на Украина, фудбалерот денеска стави потпис на петгодишен договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП