17 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕксцентричниот британски авто-бренд го рестартира производството (ФОТО/ВИДЕО)

Ексцентричниот британски авто-бренд го рестартира производството (ФОТО/ВИДЕО)

Марката „Bristol Carѕ“ е создадена како посебен оддел на поранешната авиокомпанија. Беше присутна на сцената 75 години, за да биде затворена во текот на минатата година.

Во својата историја, овој производител имаше само неколку модели на автомобили, но сите тие привлекоа внимание со својот изглед.

По неколку години преживување, во 2020-та година се појави заинтересиран инвеститор. Џејсон Вартон реши да ја оживее оваа марка, а на почетокот ќе понуди модернизирани верзии на постојните модели, а подоцна следуваат електрични модели.

Компанијата планира да стане „водечки британски производител на електрични автомобили“, пишува „Аутокар“, кој дознава дека првите примери на модернизираните модели ќе пристигнат на пазарот на почетокот на 2022-ра година.

Не треба да се очекува подрастичен редизајн, додека под хаубата ќе се најде 6,4-литарски V8 „Hemi“.

„Bristol Carѕ“ ќе продолжи да ги нуди своите рачно изработени автомобили по екстремно високи цени.

Најавена е почетна цена од дури 495.000 фунти, што е многу дури и за оваа марка, со оглед на тоа што порано тие автомобили беа за половина поевтини.

Што се однесува до електричните автомобили, клиентите ќе ги чекаат до 2025-та година. Првиот модел ќе биде „Buccaneer“, а производството ќе биде на старото место во Филтон, северно од Бристол.

Последниот модел што компанијата го претстави пред (привременото) згаснувањето беше „speedster“ наречена „Bullet“:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП