24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар со пораз се пресели во Втора лига – „балистите“ влегоа на...

Вардар со пораз се пресели во Втора лига – „балистите“ влегоа на стадионот во Тетово

Шампион сезонава е тимот на тетовска Шкендија, второпласиран по 33 кола е тимот на Шкупи, додека на третата позиција првенството го заврши екипата на Струга Трим Лум. Овие две екипи ќе играат квалификации за Лига Европа, а тетовци ги чекаат квалификации за ЛШ.

Дамка на последното коло е влегувањето на стадионот во Тетово на навивачите на Шкендија кои и покрај забраната за присуство на навивачи на трибините поради пандемијата на коронавирусот, тргнаа да ја прослават новата титула. Мечот беше прекинат на 15 минути пред крајот затоа што гостинските фудбалери се повлекоа во соблекувалните. Подоцна мечот продолжи, откако трибините беа испразнети, и заврши со резултат 1-1.

Ова се резултатите од денешното последно сезонско коло во ПМФЛ:

Шкендија – Шкупи 1-1,
Вардар – Македонија ЃП 0-2,
Ренова Работнички 1-1,
Академија Пандев – Борец 3-1,
Силекс – Струга ТЛ 0-1,
Пелистер – Беласица 2-0.

Четвртопласирана е екипата на Македонија ЃП, зад неа е тимот на Работнички.

На шестата позиција е Пелистер, зад битолчани е тимот на Академија Пандев. Осмопласиран е тимот на Борец Велес.

На последните 4 позиции на табелата најгоре е Силекс кој, како и Ренова, го чека бараж за опстанок во елитното друштво.

Второлигаши се тимот на Вардар и екипата на Беласица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП