20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВанеса Брајант: Успеа Коби, во Куќата на славните си, безвременски великан си!

Ванеса Брајант: Успеа Коби, во Куќата на славните си, безвременски великан си!

По 8 месеци одложување поради пандемијата на коронавирусотм синоќа во Спрингфилд се одржа церемонијата со која во кошаркарската Куќа на славните беше примена генерацијата 2020.

Место меѓу бесмртните добија Кевин Гарнет, Тим Данкан и покојниот Коби Брајант.

Вечерта преполна со емоции кулминираше кога на сцената покрај идолот на Коби – легендата Мајкл Џордан се искачи вдовицата на загинатиот кошаркар – Ванеса Брајант.

„Секогаш одбегнував јавно да го фалам мојот сопруг затоа што мислам дека е доволно тоа што го добиваше од навивачите. Сигурна сум дека сега се смее на небото затоа што ќе го пофалам поради неговите дстигнувања. И понатаму победува“ рече во воведот на 13-минутниот говор Ванеса Брајант.

Најмногу од се, го пофали Коби како неверојатен семеен човек, маж и татко на ќерките Натали, Бјанка, Капри и несреќно загинатата Џиана.

„Драг Коби, ти благодарам што беше најдобриот сопруг и татко. Ти благодарам што растеше и учеше од твоите грешки. Ти благодарам што секогаш се трудеше да бидеш подобар. Еднаш ми рече: `Ако се обложуваш на некого, обложи се на себе`. Драго ми е што се обложуваше на себе. Успеа. Во Куќата на славните си, вистински шампион си, не само МВП, туку безвременски великан. Горда сум на тебе“ – рече Ванеса Брајант.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП