25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Првиот непријател“ на Гвардиола ќе го суди финалето на ЛШ!

„Првиот непријател“ на Гвардиола ќе го суди финалето на ЛШ!

УЕФА потврди дека шпанскиот судија Антонио Мигуел Матеу Лаоз ќе биде судија во финалето на Лигата на шампионите помеѓу Манчестер сити и Челси, нешто што сигурно нема да му се допадне на Пеп Гвардиола.

44-годишниот Шпанец првпат ќе суди финале на ЛШ, откако оваа сезона дури шест пати беше судија на мечеви од ЛШ.

Гвардиола имаше многу судири со овој судија во текот на годините. Во 2017 година тој беше бесен кога Серхио Агуеро доби жолт картон за симулација против Монако, иако снимките покажуваа дека тој најверојатно заслужи да добие пенал. Следната сезона, Лаоз му даде црвен картон на Гвардиола откако тој се бунтуваше за поништениот гол на Лирој Сане при поразот од Ливерпул во четврт-финалето.

„Не го навредив, бев пристоен и бев во право. Но, Матеу Лаоз е посебен човек, тој сака да биде поинаков, да биде специјален. Истото се случи и со Монако. Сите ги гледаат очигледните работи, но тој сака да суди поинаку“, изјави тогаш Гвардиола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП