19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„ДОБРО УТРО КРЕАТИВЦИ“ - саем за креативни искуства и размисли

„ДОБРО УТРО КРЕАТИВЦИ“ – саем за креативни искуства и размисли

Овој петок,14 мај, од 15:00 до 19:00 часот во Центарот за иновации и дизајн „Јавна Соба“, ќе се одржи Саем за креативни искуства и размисли насловен како „Добро утро креативци“.

Настанот е организран од Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“, по, како што велат, три поводи: промоција на првото печатено издание на Скала магазин; девет години од првиот одржан час во школата и промоција на „Институт за дизајн и технологија – ИДТ Скопје“ како нова форма за развој и поддршка на прогресивни образовни политики и нови методи на учење.

„Овој настан е еден вид саем за сите креативци и вљубеници на дизajнот, технологиите и уметностите. Предвидени се три отворени штандови на зелениот трем во Public Room + Мартина Пенева која ќе го дополни амбиентот со виртуелен диџеј-сет според новите [моментални] препорачани мерки. Дополнително, секој заинтересиран ќе може да го купи првиот печатен број на Скала магазин -по промотивна цена и дознае за сите новитети коишто се планираат во едукативниот дел поврзан со академии и обуки од областите на дизајнот, технологијата и уметноста. Едноставно на овој настан, пред сè, ќе размениме креативни искуства и размисли коишто ќе поттикнат развој на нови проекти и иницијативи, насока во којашто продолжуваме да се развиваме“-велат од „Џолев и уметностите“ и „Институтот за дизajн и технологија – Скопје“.

Настанот ги следи сите протоколи согласно препорачаните мерки од Министерството за здравство, а повеќе информации за истиот можете да погледнете на следниов линк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП