20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГвардиола: Ова е нашата најтешка титула, Солскјер: Без засилувања не ги стигнуваме...

Гвардиола: Ова е нашата најтешка титула, Солскјер: Без засилувања не ги стигнуваме Сити

Манчестер сити повторно е шампион на Англија. Седми пат во историјата, и дури третпат во последните четири години, враќајќи ја круната од Ливерпул, кои лани имаа историска сезона. Уште послатко, титулата пристигна по поразот на нивниот градски ривал Манчестер јунајтед од Лестер (1:2).

Кој може да ја сопре „машината“ на Пеп Гвардиола? Според Оле Гунар Солскјер, никој доколку не се засили во летниот преоден рок. Гвардиола, пак, смета дека ова е неговата најтешко освоена титула.

„Ова беше сезона и титула од Премиер лигата како никоја досега. Најтешката, дефинитивно. Секогаш ќе се сеќаваме како ја освоивме и јас сум горд што сум менаџер на оваа посебна група на играчи. Тие секој ден се борат за успех, за да бидат подобри“, вели Гвардиола.

За градските ривали Јунајтед, кои сега имаат 10 поени помалку од Сити, ова е уште еден болен потсетник дека едно време тие доминираа во Премиер лигата – Сити има завршено пред нив на табелата во сите сезони по заминувањето на Сер Алекс Фергусон. Солскјер е свесен за тоа.

„Ако сакате да ги предизвикате Манчестер сити, тогаш мора да го засилите тимот. Ние во Јунајтед и сите други. Честитки до нив, имаа фантастична сезона. Сакаме да го направиме следниот чекор и потребни ни се уште неколку фудбалери за такво нешто“, објаснува Солскјер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП