29 март, 2024
ПочетнаКОРОНАВирусолог од Берлин: Во јуни ќе го видиме ефектот на вакцинација

Вирусолог од Берлин: Во јуни ќе го видиме ефектот на вакцинација

Берлинскиот експерт за вируси рече дека ова лето може да се излезе многу добро во Германија, со продолжување на вакцинацијата и олеснување на рестриктивните мерки.

„Мислам дека ќе видиме ефекти кои може да се припишат на вакцинацијата за прв пат во јуни“, изјави за телевизијата ЗДФ во неделата вечерта Кристијан Дростен, директор за вирусологија на универзитетската болница Черити во Берлин.

На прашањето за годишни одмори, отворање тераси во ресторани и скара со пријатели, тој објасни дека многу работи сега можат да се дозволат на отворено.

Но, Дростен предупреди дека не треба да се потпадне под чувството на „целосна еуфорија“ прерано.

Тој истакна дека на есен колективниот имунитет ќе ја подобри ситуацијата, но предупреди дека „болеста нема да исчезне на есен“.

Невакцинираните лица ќе продолжат да се заразуваат и да се разболуваат, но нема да има повеќе неконтролирано ширење на вирусот, додаде тој.

Новиот бран на коронавирусни инфекции, кој ги мачи германските власти од ноември, се чини дека се намалува, со оглед на седумдневната стапка на инциденца, која се намалува веќе две недели.

Според Институтот за контрола на болести Роберт Кох (РКИ), бројот на нови инфекции на 100.000 жители за седум дена бил 118,6 во неделата вечерта на национално ниво, што е помалку од 146,5 од претходната недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП