25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПОТВРДЕНО: „Game of Thrones“ се враќа во Хрватска

ПОТВРДЕНО: „Game of Thrones“ се враќа во Хрватска

Според најпопуларниот интернет портал за филмови IMDb, снимањето на продолжението за популарната серија „Game of Thrones“ ќе се случи и во Хрватска.

Серијата „House of the Dragon“ е претходница на легендарната серија „Game of Thrones“ и е заснована на материјал од романот „Оган и крв“. Долгоочекуваната серија ќе се снима и во Хрватска, а продукцискиот тим моментално се наоѓа во Велс, каде кон крајот на минатиот месец се случи изградбата на локацијата за снимање. Серијата, освен во Хрватска, ќе се снима во Исланд, Мароко и Велика Британија.

Приказната се случува 300 години пред „Game of Thrones“ и е посветена на семејството Таргеријан. Официјалниот профил на Твитер потврди дека серијата е во фаза на продукција и ќе пристигне на HBO во 2022 година.

Сцените за „Game of Thrones“ се снимаат во Хрватска уште од втората сезона, што и даде голем туристички интензитет на земјата, особено во Дубровник. Според студијата спроведена во 2017 година, Дубровник го посетиле 244.415 туристи поради „Game of Thrones“ помеѓу 2012 и 2015 година и потрошиле 126 милиони евра.

Поради популарната серија, Дубровник и неговата околина годишно ги посетуваат околу 60.000 луѓе, а серијата е снимана во Сплит, Шибеник, Трогир и Макарска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП