26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигна новата „Skoda Fabia“ (ФОТО/ВИДЕО)

Пристигна новата „Skoda Fabia“ (ФОТО/ВИДЕО)

Вториот најпопуларен модел на „Skoda“ по „Octavia“ во последните 22 години – „Fabia“, официјално ги смени генерациите. Откако неколку недели ги откриваше деталите за третата генерација, чешкиот производител сега целосно го претстви моделот.

Досега, „Skoda“ покажа само хечбек верзија, кој има должина од 4.108 mm, ширина oд 1.780 mm и висина од 1.460 mm. Растојанието помеѓу двете оски е 2.564 mm, со што новата „Fabia“ е 11 cm подолга и 4,8 cm поширока од претходната генерација. Меѓуоскиното растојание е зголемено за 9,4 cm, а тоа најмногу ќе го почувствуваат патниците од вториот ред.

Волуменот на багажникот е исто така поголем – 380 литри (досега беше 330), а во овој поглед „Fabia“ е поблиску до сегашниот „VW Golf“. Со спуштени задни седишта, просторот на задниот багаж достигнува 1.190 литри. Обезбедена е „LED“ оптика за моделот, како и челични тркала со големина од 14 и 15 инчи на почетното ниво, и алуминиумски тркала со 15-18 инчи како опција.

Како и поголемите „Scala“ и „Kamiq“, „Fabia“ е изградена на платформата на „Volkswagen“, „MQB-A0“. Ова обезбедува посилно тело на хечбекот, како и можност за имплементација на современи системи, кои досега се достапни само за врвните модели на марката.

Инженерите успеаја да го намалат фронталниот отпор од 0,32 на 0,28, што според претставник на „Skoda“ е најдоброто достигнување во сегментот. Во тоа помогнаа и новите ретровизори, зголемениот заден спојлер и активните елементи во предниот браник, благодарение на што потрошувачката на гориво се намалува за 0,2 l/100 km.

За прв пат во историјата на моделот, во кабината е инсталирана виртуелна табла со инструменти со 10,25-инчен екран. Постојат и три мултимедијални системи со дијагонала од 6,5, 8,0 и 9,2 инчи, постојан пристап до Интернет и до разни онлајн услуги, двозонска клима, грејачи на прозорци и волан, специјално осветлување, до 9 воздушни перничиња и 43 решенија од каталогот „Simply Clever“. Тие вклучуваат „џебови“ за паметни телефони на задниот дел од предните седишта и „USB-C“ приклучок во ретровизорите во кабината за вклучување на „DVR“.

Новата „Fabia“ има голем број на безбедносни системи и асистенти за возачот, кои може да се најдат и кај обновениот „VW Polo“. Тие вклучуваат „автопилот“, што бара постојана контрола од возачот, асистент за паркирање, функција за итно запирање, препознавање знаци на патот, пешаци и велосипедисти и други.

Опсегот на погонски единици вклучува бензински мотори кои го исполнуваат стандардот „Euro 6d“. 1.0-литарскиот природно аспириран мотор развива 65 или 80 ks, во комбинација со 5-степен мануелен менувач. 1.0-литарскиот турбо-мотор е достапен и во две верзии – 95 или 110 ks, од кои првата е поврзана со 5-брзински мануелен, а втората со 6-степен рачен или „DSG7“.

Врвната верзија на новата „Fabia“ се потпира на турбо мотор со 4 цилиндри и зафатнина од 1,5 литри, кој развива 150 ks и 250 Nm. Достапно е само со автоматски менувач, со кој хечбекот забрзува до „стотка“ за 7,9 секунди и развива максимална брзина од 225 km/h.

На почетокот на продажбата, европските клиенти ќе можат да избираат помеѓу нивоата на опрема „Active“, „Ambition“ и „Style“, на кои подоцна ќе им се придружи и спортската верзија „Monte Carlo“. Цените сè уште не се објавени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП