19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКавани ги инспирираше Јунајтед за нов „масакр“ над Рома, Вилјареал со мининална...

Кавани ги инспирираше Јунајтед за нов „масакр“ над Рома, Вилјареал со мининална предност против Арсенал

Единсон Кавани ги инспирираше Манчестер јунајтед за блескав 6:2 камбек триумф над Рома во првиот меч од полуфиналето на Лига Европа со два гола и една асистенција, додека Вилјареал дозволи Арсенал да даде гол и ќе патува со 2:1 предност на „Емирати“ за реваншот.

Работите тргнаа одлично за „ѓаволите“ на Оле Гунар Солскјер, откако Бруно Фернандеш уште во деветтата минута доби одлична топка од Кавани и донесе 1:0 водство за Јунајтед, меѓутоа потоа Рома направи целосен пресврт. Лоренцо Пелегрини од пенал во 15. минута израмни на 1:1, за Един Џеко повторно да го „тероризира“ Јунајтед (како во дресот на Манчестер сити) во 34. минута да обезбеди 1:2 предност за „волчицата“.

Меѓутоа, второто полувреме целосно беше во знак на „ѓаволите“ – Кавани во 48. минута израмни на 2:2, за во 64. минута пак да ги донесе во водство домаќините за 3:2. Тука следуваше потопот на Рома, налик на тој легендарен натпревар пред 14 години кога загубија со 7:1 – Бруно Фернандеш од пенал во 71. минута зголеми на 4:2, потоа во 75. минута му асистираше на Пол Погба за 5:2, за замената Мејсон Гринвуд во 86. минута да ги постави конечните 6:2 и со една нога да ги постави „ѓаволите“ во финалето.

На „Керамика“ во Шпанија пак, Вилјареал, предводени од поранешниот менаџер на Арсенал, Унаи Емери, рано стигнаа до 2:0 водство. Мануел Тригуерос уште во 5. минута донесе 1:0 водство пред Раул Албиол во 29. минута да зголеми на 2:0. Ситуацијата изгледаше уште потешка за „топчиите“, откако Дани Себалјос доби втор жолт картон во 57. минута, но во 73. минута од пенал, Никола Пепе им даде надеж на гостите за реваншот.

ЛИГА ЕВРОПА, 1/2 ФИНАЛЕ, ПРВ МЕЧ

Манчестер јунајтед – Рома 6:2

Вилјареал – Арсенал 2:1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП