19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФјури до Џошуа: Ако издржиш 3 рунди против мене, ќе ја предадам...

Фјури до Џошуа: Ако издржиш 3 рунди против мене, ќе ја предадам борбата

И понатаму траат преговорите околу боксерскиот меч Тајсон Фјури – Ентони Џошуа. Фјури е деновиве многу нестрплив по ова прашање.

„Кога веќе сум во ваква низа, ќе повикам една личност. Голем бескорисен клошар и човек кој не е вистински борец, туку бодибилдер и голем грд серко. Тоа е Ентони Џошуа. Ако си тука, ајде да ја договориме борбата, Ќе ти го скршам лицето и ништо не можеш да направиш за да ме спречиш во тоа. Јас сум број 1, ти тоа го знаеш. Ако издржиш 3 рунди против мене, ќе ја предадам борбата. Толку сум самоуверен – ќе те згаснам како светло“, рече Тајсон Фјури.

Пред десетина дена Џошуа го прашаа дали сопственикот на појасот во ВБО-верзијата може да му ги „украде“ неговите три, одговорот беше краток:

„За жал, нема да победи“.

Џошуа истакна дека проблемот со договарањето на долгоочекуваната борба е поради локацијата.

Двајцата Британци како идеално место за спектаклот го сметаат легендарниот „Вембли“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП