29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШирер и Анри ќе ја „отворат“ Куќата на славните на Премиерлигата

Ширер и Анри ќе ја „отворат“ Куќата на славните на Премиерлигата

Алан Ширер и Тиери Анри се првите фудбалери кои влегоа во Куќата на славните на англиската Премиерлига. Место во Куќата на славните можат да добијат фудбалери кои играле во најсилниот ранг на англискиот фудбал, од основањето во 1992 година. За да бидат номинрани, услов е да заминале во пензија до 1ви август 2020 година.

Алан Ширер е поранешен напаѓач на Блекбурн и Њукалс. Ширер се уште е најдобар стрелец во историјата на Премиер лиагта. Во кариерата одиграл 441 натпревар, постигнал 260 голови.

Тиери Анри, во Премиер лигата пристигна во 1999 година од Јувентус. Тој пет сезони го носеше дресот на Арсенал. Одиграл 258 натпревари, постигнал 175 голови. Анри е најдобар стрелец во историјата на Арсенал. Ја предводеше екипата која во сезоната 2003/2004 без пораз ја освои шампионската титула.

Покрај Ширер и Анри, уште 23-ца фудбалери ги исполнуваат условите за влез во Куќата на славните. Шестмина вечерва ќе изберат навивачите, во текот на емисијата на „Скај спорт“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП