ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАКомисијата препорача продолжување на рестриктивните мерки за уште една недела

Комисијата препорача продолжување на рестриктивните мерки за уште една недела

Комисијата за заразни болести, неофицијално, препорача досегашните рестриктивни мерки да бидат продолжени уште една недела.

Тоа значи дека полицискиот час и во текот на оваа недела ќе почнува во 20 часот, а угостителските објекти ќе бидат затворени. Со последните рестрикции, воведена беше забрана и за работа на сите обложувалници, како и сали наменети за вежбање, а се забрани и организирањето на секаков вид семинари и конференции.

Владата утре на седница ќе ја разгледа препораката за продолжување на мерките.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП