20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо повеќе не е тренер на Тотенхем

Мурињо повеќе не е тренер на Тотенхем

Португалскиот тренер Жозе Мурињо повеќе не е тренер на англискиот прволигаш Тотенхем Хотспур. Тој беше отпуштен една недела пред финалето во Лига купот против Манчестер Сити.

Португалецот (58) мораше да ја напушти клупата на Спарс поради слабите резултати во последните неколку месеци. Клубот, кој на средината на декември беше водечки во премиер лигата, во моментов е седми на табелата по 32 кола со минимални шанси за влез во најдобрите четири, што гарантира пласман во Лигата на шампионите.

„Жозе Мурињо и неговите помошници Жоао Сакраменто, Нуно Сантос, Карлос Лалин и Џовани Сера се ослободени од должноста од денес“, се вели во соопштението на клубот, додавајќи дека Рајан Мејсон привремено ќе го преземе раководството на тимот.

Поранешниот тренер на Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед ги предводеше Спарс на 86 натпревари откако го замени Маурисио Покетино на клупата во ноември 2019 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП