19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој ќе ја плати сметката на крајот?

Кој ќе ја плати сметката на крајот?

Јавниот долг на Германија надмина две милијарди евра, но експертите од земјите од еврозоната се најмногу загрижени за Италија.

Намерата на Европската унија е да се извлече од кризата со задолжување. Тоа веројатно ќе продолжи и следната година, пишува Дојче веле (ДВ).

Германскиот Бундестаг во четвртокот (15-ти април) гласаше за ревизија на буџетот за оваа година, со што се овозможи рекордно задолжување од 240 милијарди евра. Ова ќе го зголеми јавниот долг на Германија на 2,2 трилиони евра – и тоа е рекорден износ. Германскиот долг денес изнесува 80 проценти од БДП.

Другите членки на ЕУ исто така беа принудени да живеат на кредит поради кризата. Долговите се натрупуваат од Финска до Грција. Евростат објави дека вкупната задолженост во државните буџети на еврозоната ќе изнесува скоро сто проценти од БПД.

Но, што е со Пактот за стабилност и раст на еврозоната, кој предвидува јавниот долг на членките да не надминува 60 проценти, а новите долгови три проценти? Таа одредба од Пактот беше привремено укината до крајот на годината. Веројатно ќе биде така и следната година, се дознава од круговите блиски до европскиот комесар за монетарна политика, Паоло Џентилони, пишува ДВ.

Значи, тие ќе продолжат да се борат со кризата со огромни долгови. Колку време може да трае тоа?

Колку што е потребно, изјави за Гунтрам Волф, шеф на Бругел во Брисел. „Како што проценувам, правилата за ограничување на долгот нема да се применуваат ниту следната година. Истото има смисла додека сме во вонредна ситуација во однос на економскиот раст“.

Волф смета дека долговите се помалку проблематични отколку што беа во финансиската криза пред десет години, бидејќи, денес, каматните стапки на државните обврзници се многу ниски. Волф не верува дека каматните стапки ќе растат се додека централните банки, како што е Европската централна банка, водат агресивна монетарна политика, односно печатат пари и го преплавуваат пазарот.

Излез од долговите: Економски раст

Кој ќе ја плати сметката на крајот? “За високата задолженост, стапката на економски раст е секогаш одлучувачка. Ако се постигне голем раст, тогаш проблемот со задолженоста ќе се реши самостојно. Политиката на државни заштеди за големи задолжувања помага само во мала мера”, објаснува Волф .

Тоа мислење го споделува и Маркус Фербер, германскиот европратеник, експерт за финансии на демохристијаните. „Во моментов, ние не сме загрижени за стабилноста на еврото“, рече тој за ДВ. Сепак, Фербер смета дека границата за задолжување во еврозоната треба да се врати следната година. Во спротивно, смета тој, постои опасност некои членки да продолжат да ги решаваат проблемите со нови долгови наместо реформи.

Фербер нагласува дека заедничкото задолжување на ЕУ во износ од 750 милијарди евра за ублажување на последиците од кризата, мора да остане осамен преседан. „Оние што мислат дека ги рехабилитираат националните буџети со пренесување долгови кон Европа нема да успеат. Бидејќи тие долгови исто така мора да бидат отплатени од земјите-членки“. А тоа значи: следната генерација.

Грција и Италија – проблематични земји?

Грција веќе се приближува до јавен долг од 200 проценти. Сепак, соговорниците на ДВ не сметаат дека ова е голем проблем, затоа што Грција се рехабилитираше во претходните години,

“Грција е единствената од 27-те членки на ЕУ што го поврза планот за реконструкција по короната со реформската агенда. Грција ме загрижува помалку од некои други земји. Мојата најголема грижа е Италија”, рече европратеникот Фербер. Тој предупредува дека со растот на каматната стапка или бранот на банкрот, италијанската држава и банките може да западнат во сериозни тешкотии. Јавниот долг на Италија во моментов изнесува 180 проценти од БДП.

Гунтрам Волф од Бругел Бреин Труст истакнува дека Марио Драги, новиот италијански премиер и поранешен шеф на Европската централна банка, води јасна политика на економски раст. „Ако Италија има само малку поголем раст, тогаш финансискиот раст е многу малку веројатен.

Централните банки нудат евтини пари, каматните стапки се исто толку ниски колку и инфлацијата. Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард, ги повикува колегите ширум светот да продолжат со таквата монетарна политика. Значи, продолжете со позајмување. И по пандемијата, ќе се види како понатаму.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП